Софтверски проблем со дизел мотори EA189

Почитувани клиенти и пријатели на брендот ŠKODA

Сигурно забележавте од неодамнешните соопштенија за јавноста дека Volkswagen работи со полна брзина, со цел имплементирање на соодветни технички мерки за отстранување на отстапувањата во софтверот кој е инсталиран во одредени дизел мотори. ŠKODA има набавено мотори од типот EA189 од групацијата Volkswagen и истите ги користи во ŠKODA автомобилите.

Како да знам дали софтверскиот проблем ме засега мене?
"Тоа е многу едноставно. Вие треба да го внесете VIN кодот од автомобилот во полето за пребарување. VIN кодот е број за идентификација на возилото и може да го најдете на каросеријата на возилото. VIN кодот е комбинација на 17 бројки и букви.